Каменица доби две тениски игралишта

Од:

Заврши изградбата на двете тениски игралишта во Макдонска Каменица, проект кој се реализираше преку програмата на Аенцијата за млади и спорт  за  „100 нови тениски терени“.

Градоначалникот Дарко Митевски, кој денеска направи увид на терените истакна дека овие нови спортски терени значително ќе придонесат за развој на овој спорт во рударска Каменица, а нивното користење ќе биде бесплатно.

-Тениските терени ги имаат сите карактеристики потребни за одигрување меѓународни тениски натпревари. Има  осветлување, жичана ограда, инфраструктурна приклученост и најсовремена подлога по сите стандарди на Светската тениска асоцијација. Интересот за тенис, особено кај помладата популација, веќе е огромен и со изградбата на терените, желбата и талентот добиваат вистинска поддршка, истакна Митевски.

Тој додаде дека со изградбата на сите спортски објекти на подрачјето на Македонска Каменица, финансирани од Владата и од буџетот на Општината, како што се новата спортска сала, повеќенаменското игралиште, тениските терени, но и куќата на спортот која е во фаза на изградба и каде ќе бидат сместени сите спортски клубови, младите ќе можат интензивно да го развиваат спортскиот дух и адекватно да го надградуваат својот спортски талент.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен