Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија попладнево во Сараево на Европското првенство – Б дивизија го доживеа и третиот пораз. Поуспешни од нашите кадети беа Словенците кои славеа победа со 76:64 (24:21; 21:17; 18:13 и 13:13).
Ова беше прв натпревар за двете репрезентации во четвртфиналната група. По поразот од Словенија, Македонија ги загуби шансите за пласман на едно од првите две места на табелата и воедно се знае дека нашите кадети ќе разигруваат за пласман од 5-8.место.
На првиот натпревар од групата Ф денеска Финска ја победи Англија со 70:60.
Репрезентациите на Финска и на Словенија со денешните победи обезбедија пласман во полуфиналето.
На табелата Финска и Словенија имаат скор од 2-0 (победи – порази), а Македонија и Англија 0-2. Утре Македонија за противник ја има селекцијата на Англија.