Македонската кадетска репрезентација денеска на последниот натпревар од првата фаза на Европското првенство од Б-дивизија во Сараево, загуби од Финска со 59-77.
По одличниот старт и трите победи, избраниците на Саша Димитријевиќ забележаа два порази во последните две кола, по вчерашниот од Естонија и денеска од Финска.
Како и на претходните средби, најефикасен во нашиот тим беше Ненад Димитријевиќ со 15 поени, дополнети и со шест скока, додека Дејан Србиновски заврши со 14 постигнати поени. Милески заврши со девет поени, додека Печалевски постигна осум поени, а Двојаковски заврши со три поени и 10 скока.