Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија го доживеа и четвртиот пораз по ред на Европското првенство – Б дивизија во Сараево.
Поуспешна денеска од Македонија беше Англија, која славеше победа со 57:55 (12-12,20-15,15-15,10-13).
Решавачката разлика противникот ја оствари во втората четвртина, додека првата и третата завршија нерешено.
Најефикасен на натпреварот беше Ненад Димитријевиќ со 24 поени, а кај победникот Џошуа Стил имаше по 11 поени и скокови.
Утре на шампионатот е слободен ден, а Македонија во сабота ќе игра со третопласираната репрезентација од групата Ф.