„Кадена КОПЕ“: Шпанското фудбалско првенство ќе продолжи со натпревари без публика

Од:

Шпанското фудбалско првенство ќе биде обновено на 7 или 14 јуни со натпревари без публика, тврди „Кадена КОПЕ“, повикувајќи се на свои извори.

Вчера шпанскиот премиер, Педро Санчез објави дека индивидуалните спортски активности се дозволени од 4 мај.

Ова значи дека од понеделник, фудбалските тимови ќе можат да ги соберат своите играчи со уверување дека им е обезбедено безбедно растојание.

Според информациите на шпанските медиуми, тренинг ќе биде дозволен за помали групи од 11 мај.

Од 26 мај ќе бидат дозволени групни тренинзи за целиот состав, а две или три недели подоцна првенството ќе биде продолжено.

Ла Лига беше запрена по 27-то коло.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра