Јужноафриканската полиција го пронајде телото на поранешниот светски шампион во скок во височина Жак Фрајтаг, откако исчезна минатиот месец.
Полицијата соопшти дека го пронашла телото на поле во близина на гробиштата во градот Преторија, а членовите на семејството се уште официјално не го идентификувале телото, пренесе АП.
Медиумите јавуваат дека 42-годишниот шампион, кој ја освои светската титула во 2003 година во Париз и се натпреваруваше на Олимписките игри во 2004 година, бил застрелан.