Познатиот Јутјубер, Џејк Пол, излезе како победник од боксерскиот меч во рингот со шампионот во ММА, Нејт Дијаз. Во борба која траеше десет рунди, Американецот со едногласна одлука на судиите стигна до седмата победа во кариерата.
Џејк Пол, кој го носи прекарот „Проблематично момче“ го фрлаше на подот поранешниот шампион во ММА, кому ова му беше прва борба по разделбата со организацијата УФЦ.
Тие приредија незаборавен спектакл за публиката во „Американ ерлајнс центар“, арената каде Далас маверикс ги играат своите натпревари.
Публиката постојано беше на страната на Нејт Дијаз, кој е познат по својот ноншалантен стил на борба, но тоа не му помогна во рингот со Џејк Пол.
Иако првично беше планирано борбата да трае осум рунди, на предлог на Јутјуберот боксуваа дури десет, а Нејт Дијаз беше значително уморен.
ММА шампионот претрпе сериозни удари, па на крајот беше поразен во дебитантскиот настап во рингот.
Публиката го исвирка Пол кога тој даде изјава по победата, каде што ја повика Дијаз на реванш.
„Тој е тврд и тврд човек. Тој е вистински воин. Издржа силни удари и остана на нозе. Му нудам реванш на негов терен, во октагонот во меч од десет милиони долари. Таму победив во рингот, водам со 1:0, тој има шанси да го израмни резултатот“, изјави Пол.