Екипата на Јута оствари минимална победа ноќеска на гостувањето кај Атланта со 97:96. Во редовите на победничката екипа пет играчи имаа двоцифрен број поени, додека кај Атланта поради повреда не настапи првиот плејмејкер Џеф Тиг. Домашната екипа имаше шанса за победа, но во последните секунди Пол Милсап не успеа да постигне кош за победа.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Њујорк – Њу Орлеанс 95:87,
Минесота – Мемфис 106:114,
Шарлот – Портланд 106:94,
Атланта – Јута 96:97,
Оклахома Сити – Бостон 85:100,
Сакраменто – Торонто 107:101,
ЛА Лејкерс – Детроит 97:85.
Пласман Источна конференција: Кливленд 8-2 (победи-порази), Атланта 8-4, Чикаго 6-3, Мајами 6-3, Торонто 7-4, Индијана 6-4, Бостон 5-4, Вашингтон 4-4,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 11-0 (победи-порази), Сан Антонио 7-2, Оклахома Сити 6-4, Далас 6-4, ЛА Клиперс 6-4, Феникс 5-4, Јута 5-5, Денвер 5-5,…