Првиот плејмејкер на репрезентацијата на Србија, Стефан Јовиќ ќе биде подготвен за утрешното финале на Европското првенство во кошарка против Словенија, што ќе се игра во Истанбул.
Снимките од магнетната резонанца потврдиле дека Јовиќ има дисторзија на скочниот зглоб. Но, повредата не е сериозна и самиот Јовиќ уште синоќа изразил желба да игра во утрешното финале.
Евентуалното отсуство на Јовиќ на неговата позиција ќе биде голем проблем за селекторот Александар Ѓорѓевиќ, откако надвор од тимот поради повреда е Бранко Лазиќ, а токму на бековската позиција Словенија е можеби во моментов поквалитетна.
Јовиќ повредата ја доби во третиот период од синоќешното полуфинале против Русија, кое Србија го доби со 87:79.