Јоветиќ побарал трансфер во Јувентус

Од:

Напаѓачот на Фиорентина, Стеван Јоветиќ, побарал од претседателот на клубот Абдера Дела Вале да му дозволи да премине во Јувентус.

Црногорскиот репрезентативец, минатата сезона со 14 погодоци беше најдобриот стрелец на Фиорентина во Серија А, тој сака да ја смени дестинацијата, бидејќи има желба со Јувентус да настапува во лигата на шампиони.

Дел Вале неодамна ја одби понудата на Јувентус од 13 милиони евра плус фудбалерите Алесандро Матри и Микеле Пациенца. Виолетовите од „старата дама“ бараат пари и во трансферот да биде вклучен талентираниот играч од редот за врска Лука Мароне.

Доколу се пресели во Јуввентус, Јоветиќ ќе му се приклучи на соиграчот од црногорската репрезентација, Мирко Вучиниќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он