Младата српска тенисерка Бојана Јовановски го направи најголемото изненадување во второто коло од Ролан Гарос, победувајки ја данската тенисерка Каролин Возниацки.
Јовановски која е 47. на ВТА листата ја совлада 10. тенисерка на светот за 91. минута игра со 7:6, 6:3.
Таа во третото коло ќе игра со Русинката Светлана Кузњецова која беше подобра од Макдалена Рибарикова од словачка со 2:1.