Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрсот во Хамамет, Тунис во поединечна конкуренција. Тој денеска во меч од 2.коло загуби од осмиот носител Бразилецот Николас Сантош (510 место на АТП листата).
Двата сета противникот ги доби со 6:1 и 6:4 во гемови.
Првиот сет мина во доминација на Сантош, а во вториот Јотовски беше рамноправен до 4:4 во гемови. Мечот траеше 90 минути, а нашиот тенисер за пласманот во 2.коло ќе освои еден бод.
Јотовски со Уругваецот Сантиаго Марсека без борба го минаа 2.коло во игра на двојки и утре ги очекува мечот од полуфиналето.