Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски забележа победа во првото коло на турнир во Тунис.
Јотовски за само 54 минути игра со 2-0, по сетови 6:2, 6:1 го совлада домашниот претставник Дабаби Јусеф.
Во второто коло Јотовски ќе игра со Никола Сантош од Бразил кој е осми носител на овој фјучр турнир.