Јотовски не успеа да се пласира во полуфиналето на Фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во полуфиналето на Фјучрс турнирот Ф21 во Шарм Ел Шеик во Египет. Тој попладнево во четвртфиналето во меч со првиот носител Денис Новак (Австрија) не искористи две меч топки во третиот сет при резултат 5:2 во гемови на сервис на противникот.

Инаку, првиот сет му припадна на Јотовски со 6:2 во гемови. Новак двата сета ги доби во тај брек (7:4 во вториот сет и 7:2 на поени во третиот сет). Во мечот беа одиграни вкупно 236 поени (119 освои Новак, а 117 Јотовски).

Со овој пораз нашиот тенисер пропушти убава шанса да го победи 326. тенисер на АТП листата и да го подобри својот пласман. Од следната недела Јотовски ќе настапува на турнир во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен