Јотовски и Русевски загубија во финалето од првите носители на фјучрсот во Скопје

Од:

Македонската комбинација Томислав Јотовски и Предраг Русевски го загубија финалето во конкуренција на двојки на третиот фјучрс што се одржува на терените на „Тенис парк“ во Скопје. Поуспешни од нив денеска во финалето беа првите носители Британците Ричард Габ и Нил Пуфли. Двата сета завршија идентично 6:4 во гемови.

За Јотовски ова беше трето финале во двојки на трите фјучрси во Скопје, а на претходните два победи заедно со Александар Лазов од Бугарија.

Денеска се одиграа и мечевите од четвртфиналето во сингл и фаворитите постигнаа победи, па во утрешеното полуфинале ќе играат четирите први носители.

Резултати од 1/4 финале: Ричард Габ – Нил Пуфли 2-0 во сетови, Кристијан Месарош – Љубомир Челебиќ 2-0, Лени Хампел – Нино Сердарушиќ 2-0, Клаудио Фортуна – Патрик Фабиан 1-0 предаде Фабиан во вториот сет.

Полуфиналните мечеви утре почнуваат во 10:30 часот.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен