Јотовски е број 600 на АТП листата

Од:

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски на денеска објавената ранг листа на АТП се наоѓа на 600 место со 47 поени и има скок од 16 позиции. Ова е според пласманот од полуфиналето на третиот фјучрс турнир во Грузија.

Јотовски се очекува да напредува уште бидејќи нови шест поени ќе му бидат запишани од полуфиналето на скопскиот фјучрс што заврши вчера. Тоа значи дека на следното рангирање може да биде од 560-570 место.

Од македонските тенисери ранг има Горазд Србљак 1.267 место. Поените освоени на фјучрсот во Скопје за Димитар Грабул и за Бесир Дургути ќе им бидат запишани следната недела.

Во конкуренција на двојки Јотовски се наоѓа на 903.место, Мицов е 1.567 место, а Србљак 1.609 место.

На врвот на АТП листата нема промени: Ендо Мареј 7.750 поени, Рафаел Надал 7.465, Рожер Федерер 6.545, Стан Вавринк 5.780 и Новак Ѓоковиќ 5.325.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ