Јоноски неизвесен за дуелот со Австрија

Од:

Еден од клучните ракометари во одбраната на македонската репрезентација Ацо Јоноски на вчерашниот дуел со Хрватска го повреди скочниот зглоб на десната нога и е неизвесен за утрешната средба со Австрија.

Според последните информации зглобот на Јоноски е отечен, а лекарскиот тим на репрезентацијата е во обид да ја санира неговата повреда и да го оспособи за утрешниот меч.

– Врз него денеска ќе бидат извршени детални лекарски прегледи. Тој најверојатно ќе го пропушти денешниот тренинг, но се надеваме дека ќе биде во можност да настапи на утрешниот дуел, изјави репрезентативниот доктор Никола Панчевски.

Македонија утре со Австрија ќе се бори за второто место во Б групата и добивање условно полесен противник во осминафиналната фаза на Мундијалот во Катар.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ