Јокиќ постави два лични рекорда

Од:

Изминатата ноќ во НБА ќе ја памети играчот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ кој постави два лични рекорда – по број на асистенции (12) и скокови (21), а заедно со 17 постигнати поени стигна до својот втор „трипл-дабл“.

Кошаркарите на Мајами по серијата од 13 последователни победи, го претрпеа вториот пораз по ред, откако ноќеска загубија на домашен терен од Орландо кој ја прекина серијата од четири средби без триумф.

Атланта на гостувањето во Портланд со кош во последната секунда се спаси од пораз, а потоа во продолжението беше подобра од домаќинот.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска:

Шарлот – Филаделфија 99:105,
Индијана – Сан Антонио 106:110,
Бруклин – Мемфис 103:112,
Мајами – Орландо 107:116,
Милвоки – Детроит 102:89,
Вашингтон – Оклахома 120:98,
Далас – Бостон 98:111,
Денвер – Голден Стејт 132:110,
Феникс – Њу Орлеанс 108:110,
Јута – ЛА Клиперс 72:88 и
Портланд – Аталанта 104:109 (по продолжение).

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 46-9 (победи-порази), Сан Антонио 42-13, Хјустон 40-17, ЛА Клиперс 34-21, Јута 34-22, Мемфис 34-23, Оклахома Сити 31-25, Денвер 25-30,…

Пласман Источна конференција: Кливленд 37-16 (победи-порази), Бостон 36-19, Вашингтон 33-21, Атланта 32-23, Торонто 32-23, Индијана 29-26, Чикаго 26-29, Детроит 26-30,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on