Јокиќ не се гледа себеси како тренер во иднина

Од:

Српскиот центар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ поседува исклучителен поглед и талент за играта и макар да се смета за еден од најинтелигентните, од кошаркарска гледна точка, натпреварувачи во НБА, не верува дека може да стане тренер некој ден.

Србинот фасцинира со магичните асистенции и во моментов е петти во Лигата по асистенции по натпревар, но е категоричен дека не би ја претворил тренерска дејност во своја професија еден ден.

– Само замислете како кажувам на некој играч да направи нешто што всушност не може да го направи, коментира Јокиќ со насмевка, отфрлајќи можност да го пренесува своето знаење на младите кога ќе стопира со играта.

Во летото ѕвездата на Денвер ќе учествува во меѓународната програма на НБА – „Кошарка без граници“, каде ќе биде дел токму од тренерскиот тим.

Утре Јокиќ ќе дебитира во „Натпреварот на ѕвездите“.

Би можело да ве интересира

Никола Јокиќ е најдобриот европски кошаркар во 2024 година според изгласаните навивачи

Денвер загуби од Кливленд, Јокиќ го престигна Меџик Џонсон со нов трипл-дабл

(ВИДЕО) Лекција по кошарка на Јокиќ во Лос Анџелес

А1он

Кошаркарите на Далас се пласираа во финалето на плејофот на Западната конференција на НБА

(ВИДЕО) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач во глава

Горан Наумовски

Никола Јокиќ го освои првото место во трката за МВП наградата