Иако разочаран предводникот на репрезентацијата на Австрија, Јоханесон мораше да го признае поразот и пак да констатира дека Македонија е интелегентна репрезентација и знае што сака. Исто така како голем удар за неговата репрезентација го потенцираше исклучувањето на Зиура:
„Добро игравме во првото полуврме, особено од одбраната. Бауер беше добар, но проблем беше почетокот на второто полувреме и добриот одговор на Македонија. Заработивме премногу исклучувања, а не погоди и црвениот картон на Зиура. Македонските играчи се интелигенти и тие заслужија да победат. Сепак не треба да бидеме тажни, туку треба да се фокусираме на Катар. Се надевам ќе одиграме добар меч со нив”, истакна селекторот на Австрија, Јоханесон третиот пораз во четири натпревари против Македонија.
Извор: Кирил Лазаров 7