Јоаким Лев: Не сакам да бидам тренер на Баерн од Минхен

Од:

Поранешниот селектор на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев денеска изјави дека не планира да го преземе Баерн од Минхен на крајот на сезоната, пренесува Билд.

Лев (64) беше селектор на Германија од 2006 до 2021 година. Моментално е без ангажман, а некои германски медиуми објавија дека Лев би можел да го преземе Баерн на крајот од сезоната.

Тренерот на Баерн, Томас Тухел, на крајот на сезоната ќе го напушти клубот од Минхен.

„Веројатно има причини зошто нема да бидам тренер на Баерн“, изјави Лев и продолжи:

„Веројатно Баерн не е заинтересиран за мене како тренер. А јас немам никаков интерес за Баерн. Доволно долго сум тренер на Германија. Во овој момент не доаѓа предвид да станам тренер во германски клуб. 17 години патував низ оваа земја, бев на сите стадиони…Германија има добри клубови, но тие не ми се доволна мотивација“.

Би можело да ве интересира

Лев сака Германија повторно да почне да победува

Чистката на Лев го налути Баерн

Лев: Мора да се помириме со испаѓањето

Наум Локоски