Претставникот на Јужна Кореја, Јонгох Јин го освои златниот медал во дисциплината воздушен пиштол 10 метри откако беше најдобар на стрелиштето со 688,2 погоедни кругови.
Второто место и сребрениот медал го освои Лука Тескони од Италија, кој во финалето имаше најдобра „стрелба“ 101,8 кругови или вкупно 685,8.
Третото место и бронзениот медал му припаднаа на Андрија Златиќ од Србија, кој имаше само 0.6 кругови послаб резултат од Тескони или 685,2 кругови.
Јин беше олимписки шампион и во Пекинг пред четири години, но во дисциплината 50 метри воздушен пиштол.