Искусниот плејмејкер Шарунас Јасикевичиус е нов член на Жалгирис од Каунас. Легендарниот литвански кошаркар, кој неодамна го раскина договорот со Барселона, со Жалгирис потпишал едногодишен договор.
Популарниот Шарас, во кариерата играл за Лијетувос Ритас, Олимпија, Барселона, Макаби, Фенербахче, Панатинаикос, Индијана и Голден Стејт.
Покрај Јасикевичиус во тимот на Жалгирис следната сезона ќе игра и репрезентативниот центар Кшиштов Лавринович, кој го продолжи договорот на уште една година.