Јапонскиот фудбалски ветеран и на 58 години сè уште игра професионален фудбал

Од:

Јапонецот Казујоши Миура го имаше својот прв настап во својата 40-та сезона како професионален фудбалер минатиот викенд и не покажува знаци дека планира да ги закачи копачките.

Поранешниот интернационален напаѓач, кој наполни 58 години во февруари, влезе како доцна замена во победата на Атлетико Сузука од 2-1 против ЈССЦ Јокохама во четвртото ниво на јапонската фудбалска пирамида во неделата.

Популарниот напаѓач потпиша 18-месечен договор за позајмица со Сузука во јуни минатата година, но го пропушти почетокот на оваа сезона во Јапонската фудбалска лига поради повреда на ногата здобиена во јануари.

„Се надевам дека повторно ќе играм покажувајќи го мојот карактер“, изјави Миура за новинската агенција Кјодо по натпреварот.

„Можев да играм благодарение на поддршката од сите луѓе околу мене. Се надевам дека ќе можам да го подигнам нивото на мојата игра од тука“ рече тој.

Миура ги одигра своите први два професионални натпревари за бразилскиот Сантос во првенството во 1986 година, откако сам замина во Јужна Америка, како петнаесетгодишник, за да го следи својот фудбалски сон.

Се врати во Јапонија како етаблиран репрезентативец, приклучувајќи се кон клубот Кавасаки и помагајќи им да ги освојат своите први две титули во новата Џеј лига, во 1993 и 1994 година. Тој постигна 55 гола во 89 настапи за јапонската репрезентација, а својот последен натпревар го одигра во 2000 година.

Миура, чија клупска кариера вклучуваше периоди во Италија, Хрватска, Австралија и Португалија, сè уште не го достигна рекордот на Египќанецот Езелидин Бахадер, кој играше за професионалниот тим на 74-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред мечот Албанија-Србија во Тирана повторно сцени со кинење знамиња

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ал Ахли за прв пат во историјата ја освоија титулата во Азиското клупско првенство

Поранешниот голман на Барселона, Виктор Валдес е назначен за тренер на шпанскиот четвртолигаш Реал Авила

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ