Јапонската фудбалска федерација (ЈФА) се откажа од организација на Светското фудбалско клупско првенство во декември годинава поради ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус.
– Ризикот од зголемување на бројот заразени и тешкотиите да се извлече корист од евентуалното ограничување на бројот на гледачи влијаеше на оваа одлука, јавија денеска јапонските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори во ЈФА.
Според медиумите, ЈФА е во контакт со ФИФА, која евентуално би можела да го помести за јануари 2022 година одржувањето на турнирот на кој учествуваат континенталните клупски шампиони и фудбалскиот првак на земјата домаќин.
Светското клупско фудбалско првенство традиционално се одржува во декември секоја календарска година, но поради пандемијата минатото издание одржано во Катар беше поместено за февруари годинава.