Српската тенисерка Јелена Јанковиќ е подготвена во 2013 година да тргне во одлучувачки атак на најважната работа во тенискиот свет, Грен слем трофеј.
„Бев финалистка на УС Опен, играв многу финални меча, освоив трофеј во микс натпреварување, го освоив како јуниорка на 15 години. Сега посакува, тоа да го сторам во најсилната конкуренција“, рече Јанковиќ.
„Освојување на Грен слем е моја цел и сон. Бев прва на светот, освојував бројни титули, а сега го посакувам токму тоа. Ако бев во финалните и полуфиналните натпревари, зашто не би можела и да стигнам до целта. Тоа се само еден или два меча повеќе, па сметам дека доколку веќе сум стигнала до таму, ќе можам и до трофејот“.