Јанко преслаб за Дел Потро

Од:

По 77 минути игра Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро го победи српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ, со резултат 6:0, 6:4.

Типсаревиќ одигра катастрофален меч, особено неговата игра беше лоша во првиот сет, кога освои само четири поени на сервис на противникот. Ова е втор пораз за Србинот во групата.

Типсаревиќ повеќе нема никави шанси на завршниот Мастерс куп во Лондон. Во последното коло тој ќе игра против Ферер, кој по два меча има победа и пораз.

За Дел Потро ова е прв триумф на турнирот.  Во сабота против Федерер ќе се бори за пласман во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари