Французинот Јаник Ноа, за француските медиуми изјави дека против него, Новак Ѓоковиќ не би стигнал до ниту еден гем доколку тие двајца се сретнат на тениските терени, но Ноа да располага со формата од пред 30 години.
Не можам да се споредам со денешните играчи. Со формата што ја имав пред 30 години, би го победил Новак Ѓоковиќ без проблем, па дури резултатот би изнесувал и 6:0, 6:0, 6:0. Не го сакам „модерниот“ тенис, чувствата не се исти како во времето кога јас настапував на терените – изјави Ноа.