Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Чедомир Јаневски ја вжешти атмосферата пред дуелот со Хравтскиот состав во рамките на квалификациите за СП во Бразил 2014 година, по изјавата дека „коцкастите“ ги очекува една пеколна атмосфера, на Арената Филип Втори во Скопје.
„Во Загреб немавме среќа, а заслуживме барем бод. Имавме пречка, а Срна во еден момент мораше да спасува од гол линијата. Од нивна страна пак не видовме нешто посебно, погодокот и уште една полушанса. За мене и понатаму остануваат фаворити Белгија, Хрватска и Србија, а сметам дека и ние не треба да се чувствуваме како аутсајдери“, изјави Јаневски.
Што се однесува до мечот во петок со Хрватска, Јаневски смета дека доколку сите играчи ги исполнат неговите замисли може да очекуваме поволен резултат.
Предводникот на „црвено-жолтите“ се обиде да објасни зошто има толку голема еуфорија кога во Скопје гостуваат репрезентациите на Хрватска и Србија.
„Ако ја искористиме позитивната атмосфера, натпреварот да биде коректен, без негативни ситуации како на теренот, така и на трибините. Очекувам полн стадион, публиката ќе биде нашиот дванаесети фудбалер“, изјави Јаневски.