Ja изгубил ногата во Авганистан, сега ќе додава топки на US Open

Од:

Иако доживеал голема трагедија, еден војник од САД, сепак поради љубовта кон својот син, животот го продолжил како ништо да не било.

Пред две години, Рајан Мачинтос во својата 21 година, стапнал на нагазна мина при рутинска мисија во Авганистан. Инцидентот го преживеал, но ја загубил својата нога.

Трагедијата психички го уништила, една година се опоравувал од последиците и веќе во 2012 година стигна до US Open. Тој само додава топки, но за медиумите и јавноста е речиси исто популарен како и тенисерите.

Неговата протеза му овозможува совршено да ги извршува своите задачи.

„Mе прашaа дали знам да фрлам тениски топчиња. Им реков, имам фрлано бомби, па мислам дека можам да се справам и со топчиња“.

Младиот Рајан има синче, за кое, како што вели, започнал нов живот и сака тој да има татко кој може да прави се што прават и другите татковци. Има краткорочна цел – оваа година да му додава топки на Роџер Федерер, а за четири години и на Олимпијада.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај