Извлечени двојките за завршниот турнир од кошаркарскиот куп

Од:

Во „Спортскиот центар Борис Трајковски“ кој е организатор на завршниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија, денеска беа извлечени двојките за четвртфиналната фаза. Натпреварите ќе се играат од 28 до 31 март а двојките се:

четврток 28 март: (18 часот) МЗТ Скопје Аеродром – Струмица; (20:45) Фени Индустри – Работнички.

петок 29 март: (18 часот) Кожув – Вардар; (20:45) Куманово – Лирија.

Победниците од четврток ќе ја сочинуваат првата полуфинална двојка која ќе се игра на 30 март во сабота од 18 часот, а победниците од петок ќе играат во второто полуфинале во сабота на 30 март од 20:45 часот.

Финалето е закажано за во недела на 31 март од 19 часот.

Во предигра на овој дуел ќе се игра младинското финале меѓу Вардар и Струмица.

Организаторот на Купот очекува вистински спортски спектакл и најави многу забава за присутните гледачи. – Ќе вложиме максимални напори да продолжи трендот на нагорна линија по која оди македонскиот спорт. Нека победи најдобриот а ние ќе промовираме перформанс досега невиден на настани од ваков тип, истакна директорот на „Арената“ Ратко Капушевски.

Пред церемонијата на извлекување на двојките, Македонската кошаркарска федерација на  ланскиот освојувач на Купот, МЗТ Скопје Аеродром му го додели пехарот кој е во трајна сопственост.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ