Извлечени двојките за Првата кошаркарска лига на Македонија

Од:

Во просториите на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денеска се одржа ждрепка за паровите во претстојната натпреварувачка сезона во Првата лига.

Вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во првиот дел од првенството. Од минатата сезона остануваат актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, вицешампионот и освојувачот на државниот Куп за оваа година Карпош Соколи, Работнички, Куманово, Фени Индустри, АВ Охрид, Струмица и Кожув.

Од Втората лига промоција добија екипите на Гостивар и на Радовиш, но на местото на Радовиш ќе се натпреварува Блокотехна. Со проширување на Првата лига од 10 на 12 екипи, место во кошаркарската елита на Република Македонија добија Пелистер и Шкупи.

Дербито на првото коло е дуелот меѓу ланските финалисти МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи

Двојки за 1.коло:

Пелистер – Шкупи
Фени Индустри – Гостивар
Струмица – АВ Охрид
Кожув – Блокотехна
МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи
Куманово – Работнички.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ