Во просториите на Македонската кошаркарска федерација денеска беа извлечени двојките за новото првенство во македонскиот шампионат.
Почетокот на Првата лига е закажан за 12 октомври, а двојките за 1.коло се:
Лирија – Пелистер Спорт
Кожув – Фени Индустри
Струмица – Куманово
Вардар Апаве – Работнички.
Слободна на стартот е екипата на Карпош Соколи.
Ќе се одиграат 18 кругови за во следната фаза на првите пет да им се приклучи шампионот МЗТ Скопје Аеродром кој нема да учествува во првата фаза поради настап во Евролигата и во Еврокупот.