Ивковиќ и Махмути на тренерскиот семинар „Лазар Лечиќ“

Од:

Трофејниот српски тренер Душан Ивковиќ, и најсериозниот кандидат за селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Октај Махмути, ќе бидат најпознатите имиња на тренерскиот семинар „Лазар Лечиќ“.

Присуството на дводневниот семинар во малата сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“, е задолжителен за сите тренери кои работат во мак-баскетот, а сакаат Б или Ц лиценца, додека за А лиценца, задолжително е следење на предавањата на Ивковиќ и Махмути.

Семинарот почна со предавње на професот Ненад Труниќ, а попладнево на тренерите ќе им се обратат „таткото на македонската кошарка“ Лазар Лечиќ, како и славниот Ивковиќ и нашинецот Махмути кои на слободна тема ќе дискутираат и ќе споделуваат искуства со присутните.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос