Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги посети македонските репрезентативци во Катар и им посака среќа на настапите на Светското првенство.
– Македонија очекува многу од вас. Со нетрпение го очекуваме стартот на шампионатот, со надеж дека ќе ни донесете многу причини за радост, изјави Иванов на средбата со ракометарите.
Мундијалот во Катар почнува вечер, а Македонија својот прв настап ќе го има утре од 15 часот против Тунис.
Иванов е во работна посета на Катар.