Европската куќа на фудбалот (УЕФА) покрена истрага против навивачите на Албанија и Хрватска поради тоа што се случи на трибините на дуелот на двете репрезентации на ЕУРО.
Од УЕФА вечерва стигна потврда дека регулаторното тело реагирало според член 31 во врска со настаните што беа видени на натпреварот во Хамбург во средата.
„Во согласност со член 31(4) од Дисциплинските правила на УЕФА, денеска е назначен етички и дисциплински инспектор на УЕФА за да спроведе истрага за можното расистичко и/или дискриминаторско однесување на навивачите што наводно се случило за време на натпреварот во групната фаза на УЕФА на Европското првенство 2024 година во натпреварот помеѓу репрезентативните селекции на Фудбалскиот сојуз на Хрватска (ХНС) и Фудбалскиот сојуз на Албанија (ФСХФ), одигран на 19 јуни 2024 година во Хамбург, Германија – се наведува во соопштението на УЕФА.
На натпреварот од второто коло од групата Б на Европското првенство (2:2), во 59. минута хрватските и албанските навивачи почнаа да ги скандираат паролите „Убиј, убиј го Србинот“ и „Срби на врби“.
Hey @UEFA
Albanian and Croatian fans are chanting, "Kill, kill, kill the Serb!"
(Ubij, ubij, ubij Srbina) pic.twitter.com/QrOzFLBPaH— Bond…cigare Bond (@zatviter) June 19, 2024
Во оваа прилика реакција имаше и од ФСС, чиј генерален секретар Јован Шурбатовиќ најави повлекување на српскиот тим доколку двете обвинети страни не бидат казнети.
Освен информациите дека е покрената истрага, УЕФА соопшти дека сите дополнителни информации во врска со овој случај ќе бидат навремено објавени.