Италијанците сакаат да ја завршат Серија „А“ на 12 јули

Од:

Фудбалските власти на Италија поставија нова цел и тоа е завршување на шампионатот на 12 јули, пренесува „Газета Дело Спорт“.

Информациите наведуваат дека федерацијата може да спроведе масовни тестови за КОВИД-19 на 27 април, а во отсуство на позитивни примероци, играчите ќе го продолжат со тренинг на 4 мај.

Во моментов идејата е Серија „А“ да започне одново на 31 мај, а тоа ќе даде доволно време тимовите да ги одиграат сите натпревари до 12 јули.

Сепак, ова нема да биде крај на целата сезона, бидејќи УЕФА сака да се одиграат европските клупски турнири откако ќе завршат домашните првенства.

Вкупниот број на заразени ширум светот е над 1,7 милиони. Бројот на загинати надминува 105.000.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри