Историско финале за Кожув

Од:

Кошаркарскиот клуб Кожув од Гевгелија за првпат во својата историја ќе игра во финалето на плеј-офот од македонското првенство.

По вечерашниот триумф над Работнички со резултат 78:72, гевгеличани со вкупни 3-1 во победи обезбедија учество во борбата за шампионската титула.

Во текот на целиот натпревар одигран во салата „26 Април“ во Гевгелија, Кожув го контролираше резултатот и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да ја доведе во прашање победата вредна големо финале.

Првите 10 минути домаќинот ги заврши со водство од 26:13 кое на полувреме изнесуваше 48:33. На високите 15 поени по третата четвртина им беа додадени уште пет (19:14) за убедлива предност од 67:47 пред почетокот на последниот период.

И кога се очекуваше последната четвртина да биде само формалност, Работнички направи серија од 13:0 во периодот од 30 до 35.минута, на 44 секунди се доближи и на минус четири (74:70), но сепак немаше сили за целосен пресврт.

Најзаслужни за победата на Кожув беа Игор Мијајловиќ со 19, Дарко Радуловиќ со 13, Александар Штериев и Миладин Пековиќ со по 12 поени.

Кај Работнички со реализација се издвоија Џон Шарпер кој постигна 20 поени и Мохамед Абукар со 16.

Остана традицијата во македонските првенства од независна Македонија ниту една екипа која губела со 2-0 во победи да не успее да направи целосен пресврт и да го елиминира противникт.

Финалната серија МЗТ Скопје Аеродром – Кожув започнува в недела во 19 часот, а домаќин е тимот од Јане Сандански кој воедно е и бранител на шампионската титула.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он