Испраќањето на Тим Данкан ја одбележа ноќта во НБА лигата

Од:

По без малку две децении минати во Сан Антонио, Тим Данкан влегува во историјата клубот, кој како благодарност до својата легенда одлучи да го повлече дресот со бројот 21. За 19-те години поминати во Сан Антонио, Данкан освои пет шампионски титули и две МВП признанија, три НБА МВП признанија, 15 пати учество на „Ол стар“ и едно МВП на „Ол стар“ натпреварите.

Играчите на Сан Антонио, во чест на својот некогашен соиграч, на дуелот против Њу Орлеанс носеа чорапи со бројот 21 и му ја посветија 22-та победа оваа сезона.

Резултати:
Вашингтон – ЛА Клиперс 117:110,
Далас – Сакраменто 99:79,
Мемфис – Јута 73:82,
Мајами – Бостон 95:105,
Орландо – Торонто 79:109,
Филаделфија – Бруклин 108:107,
Сан Антонио – Њу Орлеанс 113:100.

Пласман Источна конференција: Кливленд 19-6 (победи – порази), Торонто 19-8, Бостон 15-12, Шарлот 15-13, Милвоки 13-12, Њујорк 14-13, Индијана 14-14, Чикаго 13-13,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 24-4, Сан Антонио 22-5, Хјустон 21-7, ЛА Клиперс 20-8, Јута 18-10, Мемфис 18-11, Оклахома Сити 16-11,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on