Исландски ракометар ги навреди Хрватите: Сигурно штеделе за да дојдат на овој натпревар

Од:

Ракометарот на Исланд, Елиди Снаер Видарсон го најави вечерашното дерби со Хрватска во изјава за исландскиот весник Висир.

Хрватите се во прилично тешка позиција во пресрет на вечерашниот натпревар, а Видарсон рече дека не дошле на натпреварот со Зеленортските Острови бидејќи штеделе за овој натпревар.

„Јасно беше дека малкумина Хрвати се појавија вчера, сигурно штедеа за да купат билет за натпреварот со нас“, рече Видарсон и потоа додаде:

„Играме на се или ништо, барем мислам дека за нив е се или ништо. Очекувам салата да биде полна и атмосферата да биде луда за двата тима.

Медиумите во Хрватска истакнаа дека Видарсон верува дека во Хрватска живеат „сиромашни луѓе“, но како и да е, Арената ќе биде исполнета до крај и сите гледачи ќе можат да уживаат во одлично ракометно шоу.

На Хрватите ќе им биде потребна победа против Исланд од најмалку четири гола разлика за да имаат подобра позиција во однос на Исланд и Египет во пресрет на последното коло со Словенија.

Доколку Словенците го победат Египет, тогаш на Хрватска ќе и биде доволна секоја победа или можеби реми против скандинавската селекција.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)