Комбинираниот состав на кошаркарската репрезентација на Македонија по двата пораза во првите две кола денеска за противник ја има селекцијата на Исланд.
На турнирот во Куншан, Македонија загуби во 1.коло од Црна Гора со (77:82) и во 2.коло од домаќинот Кина со (60:80).
Исланд ќе биде шанса нашите кошаркари да ја забележат и првата победа. Инаку, Исланд вчера ја совлада селекцијата на Црна Гора со 73:68.