Исланд и Велс чекор поблиску до пласман на ЕУРО 2016

Од:

Репрезентациите на Исланд и на Велс се чекор поблиску до пласман на завршницата на ЕУРО 2016 што ќе се игра во Франција.

Двете селекции на синоќа одиграните дуели од 7. коло од квалификациите за ЕУРО 2016 постигнаа минимални победи на гости и се лидери на табелите во своите квалификациски групи.

Исланд ја победи Холандија, додека Велс славеше над Кипар.

Резултати и табели по 7. коло:

А група: Холандија – Исланд 0:1, Чешка – Казахстан 2:1 и Турција – Летонија 1:1.
Табела: Исланд 18 бодови, Чешка 16, Холандија 10, Турција 9, Летонија 4, Казахстан 1.
Б група: Кипар – Велс 0:1, Белгија – Босна и Херцеговина 3:1, Израел – Андора 4:0.
Табела: Велс 17, Белгија 14, Израел 12, Кипар 9, Босна и Херцеговина 9, Андора 0.
Х група: Азербејџан – Хрватска 0:0, Бугарија – Норвешка 0:1, Италија – Малта 1:0.
Табела: Хрватска 15, Италија 15, Норвешка 13, Бугарија 8, Азербејџан 5, Малта 1.

Вечерва се играат осум натпревари во три групи, а двојките се: Грузија – Шкотска, Германија – Полска, Гибралтар – Република Ирска (Д група), Фарски Острови – Северна Ирска, Грција – Финска, Унгарија – Романија (Ф група), Данска – Албанија и Србија – Ерменија (И група).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он