Исландската ракометна репрезентација се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, откако попладнево ја победи Словенија со 39:31 (18:16) во Малме, во последното коло од втората фаза на Европското првенство.
Исланд го предводеа Елиди Видарсон со осум гола и Один Рикардсон и Инги Магнусон со по седум гола.
Во словенечката репрезентација, Домен Новак беше најефикасен со девет гола, Кристијан Хоржен постигна седум, а Блаж Јанц шест.
За прв пат од 2010 година, Исланд стигна до полуфинале на Европско првенство.
Тогаш популарните „рибари“ ја освоија бронзата.
Во истата група во моментов играат Хрватска – Унгарија, а од 20.30 часот својот меч го играат Шведска и Швајцарија.
По тие дуели ќе се знае кој ќе се пласира во полуфиналето и од која позиција.
Исланд моментно е прв во Втората група со седум бода, Хрватска има шест, а Шведска има пет.
Словенија е четврта со четири бода, додека Унгарија и Швајцарија имаат по два бода.
Од Првата група, Данска обезбеди пласман во полуфиналето, додека шанси имаат и Германија и Франција. Двете селекции во овој момент во меѓусебен дуел одлучуваат за влез во полуфиналето.