Исинбаева: Сакам злато во Рио

Од:

Олимписката и светска рекордерка во скок со стап Јелена Исинбаева рече дека ќе стори се што може за да дојде до третото олимписко злато на Игрите во Рио де Жанеиро.

– Сакам да го освојам златниот медал во Рио. Мојот тренер веќе го направи планот за подготовки, а на мене останува напорно да работам за да ја постигнам целта. И покрај досегашните медали од големите натпреварувања, силно посакувам да победам во Бразил, нагласи руската атлетичарка.

Исинбаева е сопственичка на светскиот рекорд кој изнесува 5,06 метри. Овој резултат го постави во Цирих, а има златните медали од ОИ 2004 во Атина и 2008 година во Пекинг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он