Кошаркарот на Кливленд, Кајри Ирвинг го одигра првиот натпревар по пауза од шест месеци и имаше солиден придонес во триумфот на неговата екипа против Филаделфија.
Ирвинг кој паузираше од почетокот на сезоната поради повредата во ланскиот плеј-оф, на паркетот помина 17 минути и имаше учинок од 12 поени со 4 асистенции. Најефикасен на средбата беше неговиот клупски колега Леброн Џејмс со 23 поени.
Резултати на ноќеска одиграните дуели од НБА лигата:
Бруклин – Минесота 85:100,
Мајами – Портланд 116:109,
Кливленд – Филаделфија 108:86,
Феникс – Милвоки 95:101,
Орландо – Атланта 100:103,
Торонто – Сакраменто 94:104,
Денвер – Њу Орлеанс 125:130.
Вечерва се играат 9 натпревари.
Пласман Источна конференција: Кливленд 18-7 (победи-порази), Индијана 16-10, Мајами 16-10, Чикаго 15-10, Торонто 17-12, Атланта 17-12, Шарлот 15-11, Детроит 16-12,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 26-1, Сан Антонио 23-5, Оклахома Сити 18-9, ЛА Клиперс 16-12, Далас 15-12, Мемфис 15-14, Хјустон 14-14, Јута 11-14,…