Интернационалниот олимписки комитет (МОК) воведе клаузула против дискриминацијата од кој било тип, која ќе биде вклучена во договорите со идните домаќини на Олимписките игри.
ИОК сака со тоа да ја одбегне вистинска бура која се подигна во пресрет на Олимписките игри во Сочи оваа година, затоа што домаќинот на ова натпреварување, Русија воведе закон против пропагирање на хомосексуалноста.
Портпаролот на ИОК, Марк Адамс рече дека клаузулата се базира на Повелбата на Комитетот во која се вели дека секоја форма на дискриминација е во спротивност со олимпиското движење.
Меѓу оние кои вршеле притисок врз ИОК да воведување на клаузула против дикриминацијата биле и меѓународните групи за заштита на правата на ЛГБТ популацијата.