Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) денеска објави дека сите телевизиски и мултиплатфорни права за емитување во Европа за четирите олимписки игри во периодот од 2018-2024 се доделени на Дискавери Комуникејшнс, матичната компанија на Еуроспорт.
Прогнозите се дека со просек од 10 канали на секој пазар и број еден европска онлајн понуда, Дискавери и Еуроспорт ќе постигнат најголема покриеност од било кога на над 700 милиони луѓе во Европа.
Претседателот на ИОК Томас Бах како многу важен го оцени овој договор.
-Ова е важен договор за Дискавери и ИОК, и ние сме возбудени што го имаме Еуроспорт, европскиот дом на олимписките спортови како партнер. Овој договор осигурува целосна покриеност на олимписките игри низ цела Европа, вклучувачќи ја и гаранцијата да обезбеди и free-to-air телевизиска покриеност на сите територии. Дискавери и Еуроспорт демонстрираа големи заложби за олимписките игри, олимписките спортови и идното олимписко движење. Приходот генериран од ова долгорочно партнерство ќе биде редистрибуирано од ИОК преку олимпиското движење за поддршка на развојот на спортот низ целиот свет, истакна Бах.
Дискавери ги доби ексклузивните права, проценети на 1,3 милијарди евра, за сите платформи за сите јазици во преку 50 земји и територии на европскиот континент. Во склад со ИОК и пазарот, Дискавери се обврза за пренос на минимум 200 часа за летните и 100 часа за зимските олимписки игри без дополнителни плаќања за време на игрите.
Договорот ги опфаќа XXIII зимски олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година и XXXII олимпијадата во Токио во 2020 година, како и олимписките игри во 2022 год. и 2024 год., чии градови домаќини уште не се познати.