Инспиративен момент – човек без две нозе го носеше олимпискиот оган

Од:

По безброј непознати и навидум славни личности на кој никој ниту името не им го знае, конечно вистински херој се појави во плејадата на луѓе кои го носат олимпискиот оган.

Британските медиуми го прогласија Бен Паркинсон за најинспиративниот огноносец. На младиот Бен му се ампутирани двете нозе откако со автомобил поминал преку нагазна мина на воените полиња во Авганистан. Илјадници луѓе излегоа на улиците да го бодарат младиот херој.

Многу храброст и мака беа потребни за младиот човек повеќе од 27 мин да го носи олипискиот оган скоро 300 метри низ неговиот роден град Донкастер. Откако јавноста во Велика Британија се крена на нозе дека непознати личности и економски моќници се на листата на огнонсци, конечно и човек кој им ги стопи срцата. И додека неговите соборци и другари одеа полека зад него, на насобраните граѓани очите полека им с еполнеа со солзи – пренесуваат со солзи во очите.

За Бен, секој чекор беше триумф на умот над телотоматеријата – победа на човековата издржливост и пример за тоа што треба олимпискиот дух треба да презентира. Неговата инспиративна прошетка дојде по шокантните откритија претходниот месец дека некои од огноносците биле предадени од страна на спонзорите на сопствените вработени.

Бен одлучил да го носи олимпискиот оган на неговите протетски нозе. Не сакал ниту да слушне за понудата да се турка во инвалидска количка или да употребува патерици. Бен изјавил дека вредел сиот пот и солзи, за да го остеи чувството како е да му го предаде олимпискиот оган на следниот носител.

„Јас сум многу горд“, изјавил Бен, кој по повредата во Авганистан и тешко зборува.

Неговата мајка Дајан рече: „Плачев од почеток до крај. Луѓе плескаа и навиваа. Не можев да верувам дека ќе испадне така“.

„Тоа е најгорд момент во мојот живот“, вели неговата мајка, бакнувајќи го својот син.

„Знаевме дека Бен ќе ја заврши трасата. Тој е толку решителен“.

Во експлозијата покрај Бен, биле повредени 40 момчиња, во провинцијата Хелманд. Бен преживеал, но поминал три месеци во несвест во воена болница.

Тој мораше да научи да оди на протетски нозе и подлегна на голем број операции, акоа з аповредите на рбетот така и за говорните канали. Тој имал тешки повреди на черепот, карлицата, рацете, слезината.

Неговата мајка додава: „Севкупната цел на ова е да покажеме, дека со решителност се може да се направи“.

„Ова беше голем мотив за него, тој мораше толку многу да работи за ова. Тој имаше направено факел и вежбаше по дома како да чекори со него“.

„Тој го направи ова брилијантно. Дури и пред неколку месеци ние не знаевме дали тој ќе биде во можност да го направи тоа без патерици“, – раскажуваа неговите родители.

„Додаваат дека бен имал голема поддршка од градот и неговите сограѓани“.

Говорејќи по тој преодениот пат и по предавањето на пламенот, кој го носеше со бела лент аоколу вратот, иако со видлив умор на неговот лице, но сепак со насмевка 27-годишниот хероој рече: „Тоа беше ништо – само уште една прошетка. Јас сум многу горд. Сите овие луѓе ми помогна“.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?