На самиот старт на денешната трка од шампионатот во Формула 1 во Монте Карло се случи инцидент, по кој целосно беше уништен болидот на Ред Бул на Серхио Перез.
Веќе во првите свиоци на Серхио Перез му се случи голема несреќа. Три болиди остварија контакт, по што автомобилот на мексиканскиот возач, кој моментално е трет во генералниот пласман, целосно се распадна.
Возачот на Ферари Шарл Леклер стартуваше прв, Оскар Пјастри втор, а Карлос Саинц трет. Шампионот Макс Верстапен стартуваше од шестото место на денешната трка во Монте Карло.
Crash Perez dengan duo Haas.
Checo disenggol oleh Haas dan menabrak tembok, kemudian mengakibatkan efek berantai.
Dia disenggol oleh Magnussen. pic.twitter.com/UAFHQjU5gn
— F1 Speed Indonesia (@f1speed_indo) May 26, 2024
Главниот дел од денешниот ран инцидент се случи кога Кевин Магнусен го пресече Перез, кој потоа удри во заштитниот ѕид. Друг возач на Хаас, Нико Хулкенберг, беше исфрлен од трката.