Инцидент на натпревар на млади ракометари во Кичево: Навивач го нападна делегатот

Од:

56-годишен кичевчанец е приведен откако на полувремето на ракометен натпрвар во кадетска конкуренција кој се играл во салата „Христо Узунов“ влегол на теренот и го нападнал делегатот на средбата. Натпреварот е прекинат, а делегатот и судиите со полициска придружба биле изнесени од салата и од градот.

– На 25.02.2023 година пријавено е дека во 11,45 часот, на полувреме од ракометен натпревар одржан во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, Ј.Ш.(56) од Кичево, го нарушил јавниот ред и мир и од трибините влегол во спортскиот терен по што, физички го нападнал делегатот на натпреварот, С.Р.(36) од Охрид. Натпреварот е прекинат и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава се наведува во соопштенето од МВР.

Би можело да ве интересира

Нападнат полициски началник во дискотека во Кавадарци, двајца во притвор

Катерина Ѓуровски

Малолетник од Косово со „Ауди“ удри двајца тинејџери на улица во Скопје

Катерина Ѓуровски

46-годишен струмичанац загина во судар со украински камион

Катерина Ѓуровски

Уапсен Бугарин за измамите со лажни сообраќајки

ВИДЕО: Приведена 22-годишна скопјанка, пронајдена марихуана

Делчевец со мотор излетал од пат, починал на пат кон болница